Турнири

„Ресен 2025“: Кафе Бар 9 славеше против Враништа, Здружение на возачи со убедлив триумф!

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни нови четири натпревари од Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2025“, а истите понудија многу борба на теренот, погодоци и неизвесност на големо задоволство на големиот број на публиката во салата во Ресен.

Во првиот меч екипата на ФК Ресен беше поразена од тимот на Аце Најдески со резултат од 1:2 во еден неизвесен меч со многу шанси и на двете страни.

На вториот меч немаше победник, откако Нана Фруид Солар Буилд ремизираше со Хризантема играјќи 2:2, но со ваков резултат екипата на Хризантема има обезбедено „билет“ за во четвртфиналето.

Веќе во третиот меч публиката виде многу погодоци, дури шест, за убедлив триумф на Здружение на возачи од 4:2 над Крушево.

Во последниот натпревар тимот на Кафе Бар 9 со сигурни 2:0 беше подобар од составот на Враништа.

Посетеност и вечерва беше на високо ниво, а овој турнир важи за еден од подобро организираните и привлекува екипи од целиот регион.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2025“.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!