Турнири

(ФОТО) „Ресен 2025“: Здружение на возачи со лото победа, Пекара Александар триумфираше во меч со четири гола!

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни нови четири натпревари на меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2025“, а оваа вечер понуди многу погодоци и одлични натпревари на задоволство на публиката.

Во првиот меч победникот се бараше преку пенали откако во регуларниот дел Центар Бела Црква Прилеп и Могила одиграа 2:2, а во пенал серијата прилепчани беа подобри со 6:5.

Во вториот меч екипата од Прилеп одигра нов меч, но овој пат загуби од Пекара Александар со резултат од 2:4.

Во третиот меч екипата на Здружение на возачи со лото победа од 7:1 го декласираше тимот на Евротип.

Последниот меч понуди голема неизвесност на теренот, а екипата на Аце Најдески со 2:1 славеше над Враништа.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан во Ресен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!