Турнири

ФОТО: Успешно заврши турнирот во мал фудбал во Враништа – Инекс Олгица нов шампион!

Сподели
ФОТО: Валентин Бадалоски
Сподели

Во одлична спортска атмосфера и пред бројна публика, заврши традиционалниот турнир во мал фудбал во село Враништа, кој оваа година уште еднаш ја потврди својата репутација како еден од најпосетените и најатрактивните турнири во регионот.

Титулата победник на Турнирот Враништа 2025 ја освои екипата Инекс Олгица, која во финалниот натпревар одигра извонредно и ја совлада силната екипа на Бел Мерцедес со резултат 2:1. Финалето понуди вистинска драма и високо ниво на натпреварување, достојно за големо финале.

Второто место ѝ припадна на екипата на Бел Мерцедес, која низ целиот турнир прикажуваше борбеност, квалитетна игра и спортска коректност, со што остави одличен впечаток.

Во борбата за третото место, екипата Студио 13 славеше по изведување на пенали против Аце Најдески, откако регуларниот дел заврши нерешено 3:3. На пенали, Студио 13 беше поуспешна со резултат 4:2.

ФОТО: Валентин Бадалоски

Четвртата позиција ја освои екипата Аце Најдески, која и покрај тесниот пораз, остави впечаток со својата пожртвуваност и дисциплинирана игра.


ФОТО: Валентин Бадалоски

Овогодинешното издание на турнирот помина во одлична организација, со фер-плеј, динамични натпревари и голема поддршка од публиката. Секоја чест за сите учесници, а особена благодарност до организаторите, судиите, спонзорите и верните љубители на спортот кои придонесоа за уште едно успешно издание.

ФОТО: Валентин Бадалоски

Спортска Мрежа беше медиумски покровител на турнирот и продолжува да ги поддржува локалните спортски настани и таленти.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Ораовица 2026: Почнува осминафиналето – секој пораз значи крај на турнирот!

Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, кој традиционално се одржува во радовишкото село Ораовица, влегува во највозбудливата фаза. Вечерва стартува осминафиналето, каде што...

Кошарка

КК Пелистер го претстави Коста Кириловски како трето засилување за новата сезона

КК Пелистер го претстави третото засилување за сезоната 2026/27. Нов член на битолскиот клуб е Коста Кириловски, еден од најперспективните млади македонски кошаркари....

Поврзани написи
Турнири

Ораовица 2026: Почнува осминафиналето – секој пораз значи крај на турнирот!

Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, кој традиционално се одржува во радовишкото...

Турнири

ФОТО: Благица и Китчен со две победи, гол-шоу на М Младост за убедлива победа на “Малеш Куп” во Берово

Синоќа беа одиграни нови четири мечево на турнирот во мал фудбал “Малеш...

Турнири

ФОТО: Магна се „распадна“, Украс ИНГ со „лото“ победа – стартуваат елиминациите на турнирот во Чардаклија

Од вечерва започна осминафиналето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“...

Турнири

Мена Транс го доби мечот со Гринс Ресторан, но потоа загуби од Вергови на „Ораовица 2026“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“ се одиграа три натпревари,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!