Втора лигаФудбал

Второлигашот Вардар Неготино свикува годишно собрание – отчет за работата во изминатите 3 ипол години

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Второлигашот Вардар Неготино го најавува годишното собрание на клубот, кое ќе се одржи на 12 јуни 2025 година (четврток), со почеток во 18:00 часот. Настанот ќе биде отворен за јавноста и ќе претставува важен момент за пресек на сработеното во изминатите 3 ипол години.

На дневниот ред се наоѓаат пет точки:

  • Презентација на планирани и остварени цели за периодот 2022–2025 година,
  • Финансиски отчет и транспарентност за потрошените средства,
  • Анализа на играчкиот кадар и состојбата со нереализирани плати,
  • Разгледување на новиот статут за избор на собрание,
  • Делегатски прашања и отворена дискусија.

„Ги повикуваме сите љубители на спортот, но и секој граѓанин кој сака да слушне за работењето на ГФК Вардар Неготино во изминативе 3 ипол години и конечно да се разјаснат сите шпекулации што испаднаа во изминатиот период“, велат од клубот.

Вардар Неготино се избори за директен опстанок, а имаше учинок од десет победи, три ремија и 17 порази и освоени 33 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Успех кој се памти: 4 златни, 3 сребрени и 9 бронзени медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација на силниот меѓународен натпревар „Србија опен 2026“

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари одличен настап на меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Србија опен 2026“, кој се одржа во Нови Сад, Србија. Во...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир Ohrid Winter Cup 2026, кој ќе се одржи од 5 до...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен го декласираше Подгор со ОСУМ гола, Василево го „потопи“ Интер Кукла, Банско со сигурна победа

Екс третолигашот Василево однесе огромна победа на домашен терен совладувајќи го Интер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!