Денес ќе биде познато кој ќе биде шампион во Втората футсал лига, а шампионот ќе се бара меѓу новите прволигаш Мал Ајакс или Балкан.
Штипјани зависат сами од себе вечерва во 19:30 часот на домашен терен ќе играт против Партизан Југ од Брвеница, со победа штипјани ќе бидат шампиони.
Балкан еден час претходно во Битола ќе игра со Конзули, а покрај тоа што Балкан ќе треба да триумфира, ќе треба да се надева на пораз на Мал Ајакс со цел да биде шампион.
Пред почетокот на последното коло екипата на Мал Ајакс е лидер со 54 бодови, а пак Балкан е втор со 53 бодови.
