Ракомет

Голема и многу важна победа за Радовиш над Струга во трката за директен опстанок во Суперлигата!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Радовиш запишаа значајна победа на гостувањето кај Струга, откако во натпревар од 8. коло на плеј-аутот, радовишани славеа со 26:28.

Со оваа победа, тимот на Радовиш е чекор поблиску до директен опстанок во ракометната елита на Македонија. Овој триумф доаѓа по заминувањето на тренерот Игор Котевски, а тимот настапи и без Лазар Адамовиќ.

На клупата беа двајцата млади тренери Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров, кои минатата сезона испишаа историја откако преку баражот го победија Еурофарм Пелистер 2 и експресно го вратија Радовиш во Суперлигата. Сега, клубот е пред нов подвиг – директен опстанок.

Струга имаше водство од 14:12 на полувремето, но во вториот дел Радовиш најпрво израмни, а потоа и го сврте резултатот со добра игра во своја корист.

Најефикасен кај Струга беше Богдан Мујишковиќ со осум гола, додека кај Радовиш се истакна Здравко Постолов со шест погодоци.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Поврзани написи
Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

Ракомет

Битола вечерва ќе гори – Вардар доаѓа како лидер, шампионот Еурофарм Пелистер без право на грешка!

Македонската ракометна јавност вечерва ќе биде насочена кон Битола, каде што Еурофарм...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!