Трета лигаФудбал

Ренова го декласираше Вардар Брвеница, Доброшти подобар од Камјани во меч со шест гола!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Денес се комплетираше 2. коло на Трета лига – Запад со два натпревари. Поранешниот прволигаш Ренова со убедливи 0:4 го декласираше Вардар во Брвеница, откако домаќинот се распадна во вториот дел од мечот откако си даде автогол.

Во 14. минута од играта Фатјон Имери постигна гол за 0:1 резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Рефет Синани си постигна автогол, а со тоа Ренова имаше 0:2 во 71. минута. По шест минути игра Ермал Саити стрелаше за 0:3, а пак Мартин Стојаноски во 89. минута ги постави конечните 0:4.

Доброшти на домашен терен со 4:2 го доби дуелот со Камјани и тоа преку пресврт. Првиот дел од мечот донесе рано водство за гостинот со голот на Блеранд Ќамили уште во 6. минута од мечот. Во вториот дел Бесник Ељмази стрелаше за 1:1 во 57. минута, веќе во 65. минута и комплетен пресврт на Доброшти со голот на Арбен Гафури.

До крајот на мечот Харис Сулимани со два гола зголеми на 4:1. Во финишот на мечот Ерен Мемеди погоди за конечни 4:2.

Овде можете да го погледнете извештајот од вчерашните натпревари од Трета лига – Запад.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!