Трета лигаФудбал

Триумф за Кораби, дебакл на Велешта, Св. Троица го среди ланскиот второлигаш Караорман!

Сподели
ФОТО: ФК „Св. Троица“ - Охрид
Сподели

Второто коло од Трета лига – Југозапад донесе многу погодоци, а највисока победа забележа Кравари откако дома со 9:1 ја „распадна“ екипата на Велешта, во меч каде Антонио Марцевски и Антонио Јаревски постигнаа по три гола, по еден гол постигнаа Темур Емини и Иванчо Јовановски, а пак Ермир Нура си постигна автогол.

За гостинот единствен стрелец беше Бењамин Нура, кој постигна гол во 70. минута од мечот.

Ланскиот шампион Кораб преку четири гола на Фатјон Леши го доби убедливо Славеј од Мешеишта на Градскиот стадион во Дебар, каде стрелци за поразената екипа беше Аќимовил и Крцоски.

Реми со шест погодоци за Влазними и Евротип во Струга, во меч каде Албан Дани беше херој за домашниот тим кој во 91. минута погоди за бод.

Петрески во 19. минута погоди за 1:0, а пак Шадов за 1:1 на полувреме. Во вториот дел со два гола Кузманов обезбеди предност за Евротип на 1:3. Во 67. минута Шадов со втор гол намали на 2:3, а пак Дани во 91. минута за конечни 3:3.

Новиот третолигаш Света Троица преку трите гола на Боге Бимбилоски го совлада ланскиот второлигаш Караорман со резултат од 3:1. За стружани единствен стрлец беше Крсте Пејчиноски во 93. минута.

Светлост на домашен терен доживеа голем пораз од екипата на Сатеска од Волино со резултат од 4:6. На полувреме гостинот од Волино имаше предност од 2:4, а за домашниот тим стрелци беа Митревски, Радевски, Талевски и Кочишки, додека пак за гостинот Никола Секулоски беше стрелец на три гола, а по еден гол постигнаа Малески, Стоески и Тупанчески.

Демир Хисар на домашен терен загуби од Преспа од Ресен со резултат од 0:2, а стрелци беа Неџми Реџепи и Никола Пластиновски во вториот дел.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!