Трета лигаФудбал

Превалец слави над Ултрас, Дреново и Големо Коњари пресилни, без голови во Крушево!

Сподели
Сподели

Денес беа одиграни натпреварите од 3. коло на Третата македонска фудбалска лига – Југ, која рунда донесе погодоци на сите натпревари освен на мечот во Крушево, каде Питу Гули и Венец од Долни Дисан ремизираа без погодоци (0:0).

Превалец забележа триумф од 0:2 над екипата на Ултрас на тешко гостување, каде во првиот дел мрежите мируваа и на двете страни. Во второто гостинот одигра цврсто и поодговорно и реализираше преку две контри за 0:2, откако Ангел Гаштев во 58. минута погоди за 0:1, а во 75. минута поради втор жолт од игра излезе Јакопетревски.

Во 82. минута Стевковски погоди за конечни 0:2 и важен триумф за Превалец.

Новиот третолигаш Башкими 2008 на теренот во Чашка со 3:0 го декласираше Бучин, каде Јашари беше двоен стрелец, а Ахмедовски беше автор на вториот гол.

Росоман преку двата погодоци на Роналдо Фазлиов и голот на Драган Митров однесе победа од 1:3 над Влазними Јуниор, а за домашниот тим Мемедоски беше единствен стрелец.

Десет погодоци паднаа на мечот меѓу Дреново и Обршани за победа од 6:4 на домашниот тим. Хет-трик постигнаа Куртишов и Мемедов, а пак за гостинскиот тим двоен стрелец беше Сомнароски, а по еден гол постигнаа Ујгуноски и Николоски.

Екипата на Големо Коњари ја декласираше Слога со убедливи 6:0 во меч каде Тошески беше стрелец на четири погодоци, а по еден гол постигнаа Андреевски и Митрески.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!