Кошарка

Баскет Кам по четврти пат стана шампион во Првата женска кошаркарска лига!

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Екипата на Баскет кам е нов-стар шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција. И во третиот натпревар, екипата од Македонска Каменица беше подобра од онаа од Крива Паланка, сега како гостин (67:49) за (3-0) во серијата.

Девојките од Македонска Каменица беа подобри од својот противник во големото финале, екипата на Крива Паланка. По двете домашни победи, вечерва стигнаа и до првата на гостински терен, и пресудна, за максимални (3-0) во финалната серија на плеј-офот, и нивна четвртта по ред титула во серија, што ги прави како еден од најтрофејните женски кошаркарски колективи во Македонија.

Одличен почеток имаше бранителот на титулата на третиот меч од финалната серија. Гостинките од Македонска Каменица направија почетни (9-0), од друга страна домашните кошаркарки долго го бараа својот прв кош. Го реализираа некаде во шестата минута од играта.

На истекот на првиот период, Крива Паланка имаше прифатливо заостанување, (8:14).

Беше уште помало беше во воведните две минути од втората четвртина прво Крива Паланка намали на (14:16), недолго потоа имаа и -1 (17:18).

ФОТО: КФСМ

Екипата која го брани пехарот имаше одговор за тој напад на домашната, во рок од три минути повторно ја врати онаа почетна предност. Во 16.минута екипата на Баскет кам одново се одвои, сега на (29:21), а на паузата, односно полувремето, избраничките на Жаклина Стојановска ја имаа истата позитива, (36:27).


Уште еднаш во оваа серија, Кметовска беше незапирлива во тој дел од овој финален натпревар, веќе запиша 16. поени. На другата страна од теренот, донекаде парираше Робинсон, која забележа 10.реализации.

На половина од третиот дел од играта, гостинските кошаркарки имаа и двоцифрена предност (42:31), што го натера тренерот на Крива Паланка, Виктор Петровски, да потроши минута одмор за совети како понатаму во натпреварот.

Не помогна тоа многу, затоа што Баскет кам дојде и до највисоки (46:31), кога се играше 28.минута. Дел од играта во кој домашните кошаркарки имаа реализирано само четири поени. Додадоа уште толку за последниот период двата финалисти да го дочекаат со резултат (48:35) во корист на екипата од Македонска Каменица.


На почетокот на последната делница Крива Паланка намали на (45:54), но тоа беше се од нив на овој натпревар. Баскет кам играше одлично во одбраната, не му дозволија на противникот да ја намали таа негатива, напротив во преостанатиот дел само ја зголемија својата предност која на крајот беше и најубедлива.

А Ивана Кметовска го „затвори“ финалето со 28.реализирани поени. Димова ја следеше со 16, додека капитенот Поп-Димитровска имаше десет реализаци во клучниот меч од серијата.

Кај Крива Паланка, Робинсон финишираше со 23. реаизации, но изостана поддршката од колешките, па оваа сезона за овој тим завршува со сребрените медали – наменети за финалистот на плеј-офот.


Сподели

Не пропуштајте

Останато

ФОТО: Доминација на браќата Божидар и Владимир Димитриевиќ во четири тежински категории на „Србија Опен 2025“

Минатиов викенд, клубовите од Македонската Традиционална Теквондо Федерација – „Хва-Ранг ИТФ“ (Лескоец – Охрид), „Мастер“ (Охрид), „Сонкал“ (Мислешево – Струга) и „Ге-Бек“ (Ресен)...

Ракомет

​Матлиески повеќе не е тренер на Тинекс Пролет

Ракометнииот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш. Матлиески пристигна во...

Поврзани написи
Кошарка

Фаворитите според планот: Баскет Кам и Крива Паланка убедливи, Патриот со нов пораз!

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

Кошарка

ФОТО: Работнички добива модерна сала по ФИБА стандарди!

Кошаркарскиот клуб Работнички добива сосема нов, современ дом – реконструираната сала во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!