ФудбалЧетврта лига

Кадица триумфираше над Кадино и обезбеди финале за титула во ОФЛ Прилеп и за влез во Трета лига – Југ

Сподели
Сподели

Екипата на Кадица избори пласман во финалето на Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Прилеп, откако во полуфиналниот натпревар славеше со 2:0 против Кадино.

Натпреварот се одигра на Градскиот стадион во Прилеп, а резултатот беше отворен уште во 8. минута со погодок на Дарко Аврамоски, кој го постави почетното и полувремено водство од 1:0.

Во второто полувреме, Рубинчо Велески со гол во 66. минута ја потврди победата на Кадица, со што беше поставен конечниот резултат од 2:0.

Со оваа победа, Кадица се пласираше во финалето, каде ќе се соочи со екипата на Млекар. Финалниот натпревар за титулата во ОФЛ Прилеп ќе се одигра на 24 мај (сабота) со почеток од 16:00 часот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Победникот во финалето меѓу Кадица и Млекар покрај тоа што ќе биде шампион на ОФЛ Прилеп, ќе избори влез во Третата македонска фудбалска лига – Југ за следната сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!