Останато

Србљак не успеа да го мине првото коло во Куршумлијска Бања

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонскиот тенисер Горазд Србљак е елиминиран во првото коло на М15 фјучрс турнирот што се одржува во Куршумлијска Бања, Србија. Иако добро го започна мечот и поведе со 1-0 во сетови, на крајот беше поразен од четвртиот носител, Бугаринот Јанаки Милев, по два часа и 13 минути игра со 2-1 во сетови (2:6, 6:3, 6:1).

Србљак го освои првиот сет со убедливи 6:2, благодарение на два реализирани брејка во четвртиот и осмиот гем. Во вториот сет, битката беше израмнета до 2:2, но Милев потоа ја презеде иницијативата и со серија од 4:1 во гемови израмни на 1-1 во сетови. Во одлучувачкиот сет, бугарскиот тенисер беше доминантен, славејќи со 6:1.

И покрај елиминацијата во сингл, Србљак продолжува да настапува на турнирот во двојки, заедно со својот партнер Обрад Марковски. Македонската двојка вчера забележа победа над српскиот тандем Стефан Скобелев / Матеја Станисављевиќ со 2-1 во сетови (6:4, 3:6, 13-11). Во четвртфиналето, кое е закажано за утре, тие ќе се соочат со шпанската комбинација Карлос Гиралди / Николас Рафаел Голдберг Алвиани.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!