Кошарка

„Мајсторката“ меѓу Ангели и Соколи ќе се игра в недела во салата „Независна Македонија“ во Скопје

Сподели
ФОТО: КК Соколи 1933
Сподели

Во недела ќе се одигра третиот меч односно т.н. „мајсторка“ меѓу Ангели и Соколи, натпревар за финале, натпревар за влез во Првата кошаркарска лига на Македонија.

На првиот меч екипата на Ангели го декласираше Скопје, но на вториот меч штипјани во салата „Јордан Мијалков“ пред своја публика триумфираа и така дојдоа до 1:1 во полуфиналната серија, а тоа значи и трет меч.

Третиот натпревар ќе се игра во спортската сала „Независна Македонија“ во Скопје, в недела од 18 часот.

Давидов, Антовски и Богески се делегирани судии за овој меч, а Ивановски ќе биде делегат на натпреварот.

Екипата на Маџари со 2:0 во полуфиналната го доби тимот на МЗТ Скопје Уни Банка, и така тимот на Маџари испиша историја пласирајќи се по првпат во кошаркарската елита на Македонија, а во финалето за шампион на Втора лига ќе игра со подобриот во „мајсторката“ меѓу Ангели и Соколи.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Сребро за Македонија во Рига – Елеонора Јосифоска од ЏК Дрим се искачи на победничкиот пиедестал!

Уште еден меѓународен успех за македонското џудо! Младата Елеонора Јосифоска, членка на Џудо клубот Дрим од Струга, освои сребрен медал на меѓународниот турнир...

ФудбалЧетврта лига

Локомотива до минимална победа, реми на Тополка и Горски, Плавник го доби Согле

Седмото коло на Општинската фудбалска лига во Велес донесе погодоци на сите мечеви, само на еден меч беше доволно еден гол за да...

Поврзани написи
Кошарка

Кошаркарска драма во Гевгелија и Кавадарци, Куманово ја декласираше Струмица

Седмото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе две неизвесни пресметки во кои...

Кошарка

Од четири порази до три победи: Штип ја продолжи серијата со 103 поени против Скопје

ГКК Штип ја забележа третата последователна победа во МТЕЛ Суперлигата, совладувајќи го...

Кошарка

Гостивар и Вардар во дерби за врвот, Феникс 2010 го брани лидерското место!

Возбудувањата во Првата македонска кошаркарска лига продолжуваат викендов со натпреварите од шестото...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!