Младински фудбалФудбал

Голем фудбалски фестивал во Свети Николе по повод 100 години ФК Овче Поле – завршница од Централен регион на детската лига на ФФМ

Сподели
Сподели

Во чест на јубилејниот 100-годишен роденден, Фудбалскиот клуб Овче Поле (1925–2025) организира голем Фестивал на фудбалот, кој ќе се одржи на 17 и 18 мај 2025 година на Градскиот стадион во Свети Николе.

Како увертира во одбележувањето на вековното постоење на клубот, ФК Овче Поле ќе биде домаќин на завршниот турнир за најдобрите екипи од Централниот регион на Македонија, со учество на 34 екипи и повеќе од 500 млади фудбалери родени помеѓу 2012 и 2017 година.

Натпреварите ќе започнуваат во 08:00 часот, а ќе траат до 16:00 часот, при што се очекува богат спортски викенд исполнет со младински натпревари, фер-плеј дух и голема поддршка од трибините.

ФК Овче Поле ќе настапи во две возрасни категории – генерациите 2015 и 2016 година, со надеж за уште еден силен настап на домашен терен и промоција на своите млади таленти.

Клубот испраќа јавен повик до сите љубители на фудбалот и спортот:

„Да бидеме заедно дел од овој незаборавен момент, да ги бодриме нашите мали херои и да им дадеме несебична поддршка на идните професионалци!“

Настанот е и одлична можност за дружење, спортска мотивација и прослава на спортскиот дух кој 100 години живее во срцето на Свети Николе – преку ФК Овче Поле.

Свети Николе и ФК Овче Поле се домаќини на групата А, па така во сабота ќе играат непарните генерации односно 2013, 2015 и 2017, додека пак во недела ќе играат парните генерации односно 2012, 2014 и 2016.

Најдобрите екипи од сите генерации ќе обезбедат „виза“ за завршниот турнир кој се игра во Скопје во период од 30 мај до 1 јуни.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!