Трета лигаФудбал

Трите бодови останаа во Брвеница, Зајази го доби Камјани во натпревар со седум гола – три гола за Агон Хашими!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Денес беше комплетирано 24. коло на Третата фудбалска лига – Запад, каде екипата на Вардар од Брвеница забележа домашна победа од 3:1 над Доброшти.

Со голот на Александар Аризанкоски во 30. минута домашниот тим имаше минимална предност од 1:0 во првиот дел. Во второто полувреме искусниот Даниел Радески погоди за 2:0 во 71. минута, а четири минути подоцна Шкелќим Мемети погоди и намали на 2:1. Во финишот од мечот Тони Брњарчевски беше сигурен за конечни 3:1.

Зајази дојде до победа од 3:4 над Камјани на гостински терен каде хет-трик постигна Агон Хашими. За гостинот погоди и Флорин Мехмеди во 90. минута обезбедувајќи победа.

За домаќинот погоди Метин Муслији во првиот дел и Енис Бајрами и Шкљзен Османи во второто полувреме.

Вчера како што веќе информираше Спортска Мрежа тимот на Речица го доби Велазерими Слатино со 2:1, Ренова загуби дома со 2:5 од Тетекс, Љуботен славеше со 3:2 над Џепчишти, извештајот е достапен овде.

Мечот меѓу Напредок и Дрита од Боговиње не се одигра, откако гостинот не се појави на теренот.

„По чекање од 30 минути гостинската екипа не се појави на теренот, службените лица (судиската тројка, делегатот, контролорот) беа присутни на теренот, заедно со домашната екипа“, се вели во записникот од мечот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!