Младински фудбалФудбал

ЖФК Ускана од Кичево нижи големи успеси во пролетниот дел од Кадетската женска фудбалска лига!

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Ускана од Кичево бележи големи успеси во пролетниот дел од сезоната во Кадетската женска фудбалска лига.

Оваа година, за првпат откако ЖФК Ускана настапува во ова натпреварување, тимот покажува извонредна форма. Лигата брои 14 екипи од цела Македонија, а со вкупно 26 натпревари, пролетната полусезона претставуваше вистински предизвик.

Во пролетниот дел, од вкупно девет одиграни натпревари, Ускана забележа шест победи, две ремија и само еден пораз, освојувајќи вкупно 20 бодови.

Ако се направи споредба со есенската полусезона, кога екипата освои само 5 бодови, напредокот е повеќе од очигледен. Со вкупно 25 освоени бодови, тимот се искачи до средината на табелата.

Досегашниот биланс на ЖФК Ускана е седум победи, четири ремија и 11 порази, со што се наоѓаат на деветтото место. Сепак, постои реална можност за напредок и уште подобар пласман до крајот на сезоната.

Единствениот пораз во пролетниот дел Ускана го претрпе на гостувањето кај ЖФК Шкендија во Тетово, каде загуби минимално со 1:0. Поразот дојде во самиот финиш на мечот, а претходно не реализираа пенал.


На последниот одигран натпревар од 22. коло, Ускана славеше минимално со 0:1 на гостувањето кај Љуботен од Тетово во Желино, благодарение на голот на репрезентативниот голман Дорунтина Сејдини од белата точка.

Во следното коло, Ускана ќе го пречека лидерот на табелата — тимот на Скопје, кој има максимален ефект. Гостите ќе пристигнат во Кичево како фаворити, а Ускана сигурно ќе сака да биде прва која ќе го запре фаворитот Скопје.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и со убедливи 6-0 го совладаа тимот на Шкупи, продолжувајќи ја победничката...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

Прва лигаФудбал

Ислами: За Шкендија секој меч до крајот е како финале

По нерешениот резултат против АП Брера на домашен терен, и победата на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!