Останато

Игор Стефановски – Иџе викендов во Португалија – целта е победа и подиум!

Сподели
ФОТО: Игор Стефановски - Иџе
Сподели

Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски – Иџе, овој викенд ќе се натпреварува на третата трка од сезоната во Европскиот шампионат на ридски патеки, која ќе се одржи на легендарната патека Рампа да Фалепра, лоцирана во близина на португалскиот град Брага.

Оваа брза и технички предизвикувачка патека не му е непозната – Иџе има две победи токму на оваа патека , што му дава дополнителна самодоверба во пресрет на новиот настап. Како што истакна пред трката, тој е мотивиран и максимално подготвен да се врати на подиумот.

Стефановски настапува со импресивниот Ферари 488 Б8 – возило специјално подготвено за ридско возење, кое досега му донесе две солидни трки и трето место во генералниот пласман.

Зад него стои искусна екипа и силна поддршка од спонзори, меѓу кои се издвојува Видеолотарија Касинос Австрија. Со нивна поддршка, Иџе повторно ќе го носи македонското знаме на европските патеки, подготвен да се бори со најдобрите и да донесе нови причини за гордост.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

 

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени во составот пред вечерашниот дуел со Естонија, втор за нашата селекција...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!