Останато

Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби на фјучрсот во Србија

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да избори пласман во второто коло на ИТФ фјучрс турнирот М25 во Куршумлијска Бања, Србија. Во натпревар кој се одигра под рефлектори и траеше 2 часа и 8 минути, Ивановски беше поразен од чешкиот тенисер Тадеш Парулек со 2-1 во сетови (6:4, 1:6, 6:1).

Првиот сет започна израмнето, но Парулек направи брејк во третиот гем за водство од 2:1 и ја задржа предноста до крај, добивајќи го сетот со 6:4. Ивановски целосно доминираше во вториот сет, поведувајќи со 3:0 и губејќи само еден гем, го израмни резултатот со убедливи 6:1.

Во решавачкиот трет сет, Чехот повторно презеде контрола, не дозволувајќи изненадување и со идентични 6:1 го затвори мечот.

Следниот настап на Ивановски се очекува да биде на Челинџер турнирот во Загреб, каде што ќе има нова шанса за подобар резултат.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени во составот пред вечерашниот дуел со Естонија, втор за нашата селекција...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!