Од 13 до 16 јуни, спортскиот комплекс СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе пулсира во ритамот на младинскиот фудбал, бидејќи токму тука ќе се одржи најголемиот и највозбудливиот фудбалски турнир за млади – Меѓународниот турнир „Некст Левел“.
Ова издание ветува невидена атракција, со повеќе од 40 пријавени екипи, меѓу кои и респектабилни фудбалски имиња од Македонија, регионот и пошироко. Турнирот веќе го носи епитетот најдинамичен младински фудбалски настан во земјава, а годинава очекува нов рекорд по масовност, квалитет и организација.
Меѓу тимовите што се потврдени за учество се:
Партизан Скопје, Маџари Солидарност, ССК Нова, Водно, Форца, Фит Кид, Либра Кидс, Азури Радовиш, Њу Старс – сите од Македонија,
како и реномирани клубови од странство:
Фудбалито (Црна Гора), Бамби (Босна и Херцеговина), Омладинац (Србија), Раднички Ниш, Синѓелиќ Ниш, Филип Филиповиќ (Србија), Нуртепе (Истанбул, Турција), АФ Гирода (Романија) и други.
Турнирот е отворен за генерации од 2012 до 2017 година и ќе се игра во следниве формати:
2012/2013 (У-13/У-12) – 8+1
2014/2015 (У-11/У-10) – 7+1
2016/2017 (У-9/У-8) – 6+1
Пријавувањето сè уште е отворено, а интересот расте со секој ден. Во наредните денови ќе бидат објавени нови имиња на клубови од Македонија и странство, кои дополнително ќе ја збогатат конкуренцијата и атрактивноста на натпреварувањето.
Организаторите најавуваат високо професионално ниво на организација, новитети и паралелни активности кои ќе го направат настанот уште повпечатлив за учесниците и публиката.
„Спортска Мрежа“ како медиумски покровител од самиот почеток, ексклузивно ќе го следи турнирот со прилози, репортажи, интервјуа и вклучувања во живо. Подгответе се за фудбалска магија во Охрид – следува вистински „Некст Левел“ спектакл!