Екипата на Караорман денес не допатува во Кукуречани за да го одигра натпреварот со Евротип, а во рамки на вонредното 19. коло на Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.
Како што е заведено во официјалниот записник од натпреварот по чекање 30 минути фудбалерите на ланскиот второлигаш од Струга не се појавиле на теренот.
„Претставник на домашната екипа Игор Стојкоски, Доктор Талевски Драган, Комесар за безбедност Дрогишки Благојче. По чекање од 30 минути гостинската екипа не се појави на теренот, а притоа не најави дека ке задоцни“, се заведено во официјалниот записник од натпреварот.
Тоа значи дека овој меч екипата на Евротип ќе го добие службени 3:0.