Ракомет

ФОТО: Бутел против Охрид до прва победа во плеј-офот, триумф во „Билјанини Извори“

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Екипата на Бутел Скопје го запиша првиот триумф во плеј-офот и со тоа дојде до првите бодови, откако во рамки на 6. коло со 29:31 го доби Охрид и тоа во „Билјанини Извори“.

Скопскиот тим имаше постојана разлика која се обидуваше да ја намали и да го сврти резултатот. Охриѓани одлично го отоврија мечот и имаа предност, а во текот на првиот дел имаа предност од пет гола при 11:6, а на полувреме имаа предност од 17:14.

Во вториот дел Охрид губеше концентрација во нападот, а тоа му одеше во прилог на Бутел Скопје кој ја топеше предноста на „рибари“ и така дојде и до предност при 27:28, а потоа гостинскиот голман Александар Стојаноски ја „спушташе ролетната“ во клучни моменти и така го обезбеди триумфот за неговиот тим од 29:31.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Кај Охрид најдобар беше Гал Цирар кој постигна седум гола, а пак Теимураз Ојронокидѕе имаше пет гола за охридскиот тим, кај Бутел се истакнаа Димитар Узунчев и Христијан Милошески со по седум гола.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два неоправдано неодиграни натпревари направи промени на табелата. Екипите кои освојуваа бодови...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска лига – Регион 3, откако по првите пет кола од сезоната...

Поврзани написи
Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува...

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!