Трета лигаФудбал

Шкендија Арачиново е шампион во Трета лига – Север, тимот на Еркан Мурсели со тотална доминација!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

На пет кола до крајот екипата на Шкендија од Арачиново е шампион во Третата македонска фудбалска лига – Север со тотална доминација. Тимот кој го предводи Еркан Мурсели има учинок од 19 победи, едно реми и еден пораз и вкупно 58 освоени бодови, а пак Фортуна која е втора има 39 бодови.

Тимот од Арачиново не го запираше ништо на патот кон тоа да стане шампион и со тоа да го обезбеди баражот за можен влез во Втората лига. Екипата на Шкендија Арачиново го има најефикасниот напад која постигна 81 гол, а ја има и најдобрата одбрана со само четири примени погодоци.

Страгегот Мурсели на пет кола до крајот веќе прави планови и подготовки за баражот, а со тоа тимот на Шкендија Арачиново истиот да го помине и од следна сезона да биде дел од Втората лига.

Засега имаме два шампион во Трета лига, чекаме на потврда на уште три. Шкендија Арачиново е шампион во Трета лига – Север, а пак Слога Виница е шампион во Трета лига – Исток.

Пред потврда на првото место и со оа баражот за Втора лига се Преспа во Трета лига – Југозапад, Тетекс во Трета лига – Запад, а пак Големо Коњари во Трета лига – Југ.

Речиси и сигурно е дека Осогово ќе биде во баражот за опстанок во Втора лига, па со тоа овие екипи ќе бидат тие кои ќе играат во баражот за Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе „отпишаните“ Големо Коњари, Слога Виница и Победа, во листата влегува и...

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!