Прва лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Беса и Пелистер, Пилешков ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкупи

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во недела ќе се одиграат натпреварите од 6. коло од Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите шест прволигашите натпревари, кои ќе стартуваат во 15 часот.

Александар Ставрев ќе го суди дербито меѓу Тиквеш и Вардар кое се игра во Кавадарци, Александар Грујоски ќе го суди дуелот меѓу Силекс и Гостивар во Кратово, а пак Марјан Младеновски ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Шкендија и Воска Спорт во Тетово.

Дербито на колото ќе се игра покрај Охридското Езеро каде шампионот Струга Трим Лум ќе се судри со Шкупи, а Димитар Пилешков ќе ја дели правдата, Јован Качевски патува во Гостивар каде ќе им суди на Беса и Пелистер, додека пак Игор Стојчевски ќе биде задолжен за правдата меѓу Работнички и Брера Струмица.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 6. КОЛО ПРВА ЛИГА:

Тиквеш – Вардар, Александар Ставрев (Скопје)
Силекс – Гостивар, Александар Грујоски (Кичево)
Шкендија – Воска Спорт, Марјан Младеновски (Скопје)
Струга Трим Лум – Шкупи, Димитар Пилешков (Штип)
Беса – Пелистер, Јован Качевски (Струга)
Работнички – Брера Струмица, Игор Стојчевски (Скопје)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!