Трета лигаФудбал

Шкендија Арачиново го претрпе првиот пораз, Фортуна минимално подобра од БВК Коњаре, реми на Кадино и Пчиња

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Лидерот Шкендија од Арачиново го доживеа првиот пораз оваа сезона откако на гостински терен загуби со минимални 1:0 од Риниа, а овој минимален триумф за домашниот тим е повеќе од добредојден во битката за опстанок во Трета лига – Север.

Домашниот тим го слави Елмедин Арифи, кој беше стрелец во 65. минута од мечот. Мора да потенцираме дека Шкендија Арачиново играше со втор состав, дел од играчите имале повреди, а дел поради вируси, но и шанса да им се даде простор и на младите играчи, секако Шкендија е веќе во баражот за Втора лига.

Башкими Љуботен и Академија Илиден ремизираа без голови (0:0), а реми без голови одиграа и Кадино и Пчиња во борбата за опстанок.

Фортуна со голот на Алтин Сефо со минимални 1:0 го доби БВК Коњаре, а пак Куманово преку Масески и Јовановски со погодоци во вториот дел го доби некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ со резултат од 0:2 на гостински терен.

Ржаничино забележа пбоеда од 2:1 над последнопласираниот Њу Старс. Домашниот тим преку Миленковски и Лазев дојде до водство од 2:0, а во 44. минута Стефан Стојановски погоди за конечните 2:1.


Најмногу голови имаше во Доброшане каде Беса од Слупчане со 4:2 го доби Аеродром. Мерван Фетаи беше стрелец на три гола за домаќинот, а еден гол постигна Бајрами. За гостинот стрелци беа Наумовски во првиот дел и Томовски во вториот дел.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкендија, Ќерими на Башкими и Брегалница, Качевски главен во Кратово

Рундата број 13 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, се отвара во утре со мечот во Кавадарци меѓу...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!