Останато

Штип УГД сака двојна круна – Струмица одбрана на шампионската титула!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Најдобрите две екипи од регуларниот дел на сезоната, Штип УГД и Струмица 47&72, ќе се соочат во големото финале од плејофот во машката одбојкарска конкуренција. Финалната серија започнува на 25 април во Штип и ќе се игра по систем на три добиени натпревари.

Без многу неизвесност, фаворитите ги оправдаа очекувањата во полуфиналните дуели. Штип УГД убедливо го елиминира Универзитет во Тетово со две максимални победи, продолжувајќи ја својата доминација во меѓусебните натпревари сезонава. Струмица 47&72, пак, без поголем отпор, славеше на двата меча против Борец од Велес.

Овие две екипи веќе имаа финална пресметка пред две недели, кога се сретнаа во борбата за Купот на ОФМ 2025 во Радовиш. Тогаш, штипскиот колектив излезе како победник и го одбрани трофејот.

Во претстојната финална серија улогите се јасни – Струмица 47&72 ќе се обиде да го одбрани шампионскиот трофеј, додека Штип УГД ќе брка прва титула во својата историја.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!