Ракомет

Винициус: Утрешниот натпревар ќе биде многу борбен, сѐ до последната секунда!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Во рамки на 4.коло од плеј-оф фазата од ракометната Супер лига, ракометарите на Охрид, на домашен терен ќе се соочат со ракометарите на Алкалоид од Скопје. Овие екипи веќе многу добро се познаваат и според тоа, се очекува возбудлив и жесток натпревар- вистинско дерби за уживање.

Младинскиот бразилски репрезентативец,  Де Соуза Мораис Кајо Винициус, од таборот на Охрид, за Спортска Мрежа го најави утрешниот натпревар. Според него, домашниот терен им е предност и вели дека ќе се борат за уште една победа во плеј-оф фазата.

,,Ќе играме на домашен терен, што значи дека дефинитивно ќе се бориме за уште една победа во плеј-оф фазата. Утрешниот натпревар ќе биде многу борбен, сѐ до последната секунда! Ние сметаме на поддршката од нашите верни навивачи во среда, за овој важен натпревар‘’, рече десниот бек на Охрид.

Натпреварот се игра утре, во 18 часот во салата ,, Билјанини Извори’’.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов во Кавадарци. Претседателот Сашко Тасев му посака успешна работа на ФК...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027...

Поврзани написи
Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!