Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Погледнете ја атмосферата на дербито меѓу БВК Коњаре и Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Првото коло во Трета лига – Север ни го донесе и мега дербито меѓу БВК Коњаре и Шкендија Арачиново, кое се одигра на теренот во Средно Коњаре, а кое заврши со триумф за третолигашот од Арачиново со резултат од 0:2. Руфат Чалафи од белата точка погоди за 0:1, а потоа во вториот дел по изведен корнер од Бујар Иљази, капитенот на домашниот тим Адем Аџами лошо интервенираше при избивањето на топката и истата ја смести во сопствената мрежа за конечни 0:2, со што трите бодови патуваат во Арачиново.

Спортска Мрежа ви ја носи атмосферата од самиот натпревар, пред и по натпреварот, со изјави на Љупче Трпески, фудбалерот на Шкендија Арачиново, кој го засили овој амбициозен клуб од прволигашот Воска Спорт, како и изјава на Алмин Смајовиќ, претставник на БВК Коњаре.

Овој натпревар можевте да го следите ексклузивно на М Нет телевизија, каде коментатор беше спортскиот новинар Александар Ванев, а притоа имате можност да ги погледнете двата погодоци од овој меч.

  • АТМОСФЕРА И ИЗЈАВИ ОД МЕЧОТ БВК КОЊАРЕ – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО, 1. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:

Шкендија Арачиново прва задава удар кон првото место и баражот за Втора лига, а во трката за првото место и баражот влегува сериозно и некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ.

ВИДЕО: Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!