Останато

Андреј Темов со двоен триумф на турнир во Скопје

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Со две победи во сингл и во двојки младиот македонски тенисер Андреј Темов ги заврши настапите на турнирот за играчи до 12 години што изминатата недела се играше на терените на МТП во Скопје. Младиот тенисер продолжува со одлични настапи, откако претходно успешни настапи имаше и на турнир во Тирана, Албанија.

Во поединечна конкуренција Темов без загубен сет стигна до победа, а идентичен беше резултатот и во конкуренција на двојки. Темов во финалниот меч го совлада Даниел Васев од Бугарија со 2-0 во сетови (64 62), а во полуфиналето го совлада Мајк Темос од Грција со 2-0 (63 62), додека во четвртфиналето го совлада Стефан Николеску од Романија со 2-0 (61 63).

Во мечевите во група заврши како првопласиран во конкуренција со Александре Спанос од Грција и Михаел Иванов од Бугарија.

Во игра на двојки заедно со Василиј Заковски во финалето Џонатан Корен од Израел и Алекса Стевиќ од Србија со 2-0 во сетови (63 61).

Овој турнир е уште една можност и шанса за младите македонски тенисери да одиграат натпревари со врсници од неколку европски држави. Оваа недела во Скопје се одржува уште еден турнир за тенисери во машка и женска коннкуренција до 14 години на теренот на Тенискиот клуб Југ.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!