Останато

Време е за ФИНАЛЕ: Штип УГД против Струмица, Наковски Волеј на мегдан со Јанта Волеј КВ

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Денес на програмата е последниот ден од завршницата во одбојкарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција. Денес се играат финалните натпревари во СРЦ „25 Мај“ – сите патишта водат кон Радовиш, љубителите на одбојката, навивачите, поддржувачите и секој гледач ќе има слободен влез во салата со што се очекува салата да биде исполнета до последното седиште.

Во во 16 часот започнува женското финале каде Наковски Волеј оди на мегдан со Јанта Волеј КВ по освојување на Куп титулата, а пак во 19 часот започнува финалето кај мажите кое ќе биде реприза на ланското финале бранителот на Куп титулата Штип УГД против Струмица.

За оние кои по првпат доаѓаат во Радовиш, СРЦ „25 Мај“ е лоцирана на булеварот Александар Македонски, на спротивната страна од Црквата „Св. Троица“.

Спортска Мрежа со своја екипа ќе информира за финалните натпревари од СРЦ „25 Мај“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!