Комисијата за натпреварите на Третата македонска фудбалска лига – Исток донесе одлука да се оддаде почит на трагичниот настани кој ја потресоа нацијата. Натпреварите од 11. и 12. коло, кои ќе се одиграат на 29. март и 31. март, ќе започнат со минута молк како знак на почит кон жртвите од големиот пожар што се случи во дискотеката во Кочани.
Во сабота, на 29. март, натпреварите ќе започнат во 15:30 часот, додека на 31. март, понеделник, тие ќе започнат во 16:00 часот. Со ова, спортските клубови ќе го изразат своето сочувство за 59-те загинати и сите погодени од овој страшен настан.
Овој гест на солидарност и хуманост е пример за важноста на заедништвото и поддршката во најтешките моменти за нацијата.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...
Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...
Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...
Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...
Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...
В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска...