Трета лигаФудбал

Спортот обединува: ФК Доброшти испраќа силна порака на солидарност по трагедијата во Кочани

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Доброшти, кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – Запад, преку пријателски натпревар со ФК Јехона, испрати силна порака на обединување и хуманост по трагедијата која се случи во дискотеката во Кочани. Овој гест беше посветен на семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Кочани, каде животот го загубија 59 лица.

Иако натпреварот заврши со победа на ФК Доброшти од 2:1, резултатот беше второстепен и несуштински во однос на главната цел на овој настан — изразување на солидарност и сочувство за жртвите и нивните блиски. Во овој хуман гест на спортска солидарност, клубот од Доброшти покажа дека болката и солзата не познаваат етничка припадност, вера или нација.

За Доброшти двоен стрелец на натпреварот беше Енсар Елези.

„Фудбалскиот клуб Доброшти упатува сочувство кон фамилијата на фудбалерот Андреј Лазаров и ФК Шкупи, исто така упатуваме сочувство кон 59 фамилии што трагично ги загубија најмилите во трагедијата во Кочани. На повредените им посакуваме што побрзо да бидат дома со најблиските. Се солидализираме со вас“, се вели во соопштението на ФК Доброшти.

Спортот е многу повеќе од игра. Преку спортот се изразува хуманост и солидарност. Во оваа трагедија, која зафати многу македонски семејства, ФК Доброшти покажа дека сите сме еден народ во болката, без разлика на нашето потекло или верски убедувања. Трагедијата во Кочани не познава граници и сите треба да се обединиме во оваа болка беше порака која ја испрати ФК Доброшти со овој натпревар.


Преку овој пријателски натпревар, беше испратена моќна порака дека спортот има способност да ги обедини луѓето и да демонстрира дека солидарноста е поважна од било кој резултат на теренот. Сите ние, како нација, сме повикани да покажеме сочувство и да се поддржуваме едни со други, особено во тешки моменти.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!