ФудбалФудбалска репрезентација

ФОТО: Сигурна и убедлива победа за Македонија против Лихтенштајн – победа за Кочани!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Рутинска, сигурна и лесна победа за македонската фудбалска репрезентација, со победа ги отвара квалификациите за Светското првенство 2026, откако го совладавме Лихтенштајн со 0:3. Натпревар и победа која е посветена за големата трагедија која се случи во Кочани.

Натпреварот започна со една минута молк, а репрезентативците на Македонија пред натпреварот на тренингот излегоа со црни маички во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани.

Македонија тргна одлично и по само седум минути игра Александра Трајковски го отвори резултат за 0:1 по асистенција на Миовски. Во финишот на првиот дел Висар Муслио постигна гол за 0:2 на полувреме.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во 59. минута од натпреварот беше емотивен момент на трибините, а македонските навивачи оддадоа почит за 59-те жртви на големата трагедија во Кочани.

Во вториот дел печат на големата и убедлива победа стави Бојан Миовски, кој погоди во 84. минута за конечни 0:3.

ФОТО: Спортска Мрежа

Следниот натпревар за Македонија е во вторник на Националната арена „Тодор Проески“ против Велс.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!