ФудбалФутсал

Голгетерот Ибрахим Алији го напушти Балкан

Сподели
Сподели

Најдобриот стрелец во Втората футсал лига на Македонија, Ибрахим Алији го напушти тимот на Балкан, а како што потврди за редакцијата на Спортска Мрежа, самиот играч потврди дека е слободен.

Ибрахим е најдобар стрелец во Втората футсал лига со постигна 37 погодоци, а Балкан кој претендира за влез во Првата футсал лига ќе го продолжи тој пат без најдобриот голгетер.

Ибрахим, исто така е најдобар играч и во футсал Купот на Македонија, каде постигна десет погодоци. Тоа значи дека во двете конкуренции 24-годишникот има постигнато 47 погодоци.

Во својата кариера има настапувано и за Раштак и Башкими Љуботен во Трета лига – Север, а потекнува од школата на Шкупи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!