ФудбалФудбалска репрезентација

Милевски: Максимално се подготвуваме за натпреварот, ме радува што фудбалерите играат во своите клубови

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија утре против Лихтенштајн во Вадуц го отвара квалификацискиот циклус за пласман на Светкото првенство 2026.

На прес-конфенрецијата селекторот на Македонија, Благој Милевски, истака дека максимално се подготвувале за овој натпревар, селекторот вели дека го радува фактот што фудбалерите играат во своите клубови.

„Максимално се подготвуваме за натпреварот. Би било добро да почнеме со победа и да ја продолжиме серијата позитивни резултати, но до бодови можеме само со нашето најдобро издание. Ме радува што фудбалерите играат во своите клубови, имавме доста проблеми минатата година со неиграњето на репрезентативците во клубовите. Но, тие секогаш даваа максимум кога играа за селекцијата. Верувам дека сега ќе биде само подобро. За да победите мора сите линии да се на високо ниво, сите фудбалери се битни и нашиот фокус е да функционираме до максимум. Неколку фудбалери не можат да ни помогнат заради повреда, го имам стартниот тим во главата и верувам дека сите ќе бидат здрави по последниот тренинг. Имаме максимален респект и убеден сум во максимален пристап“, вели Милевски.

Мечот се игра утре со почеток од 15 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!