Останато

Полуфинале за Лина Ѓорческа во Марибор, Словенија

Сподели
ФОТО: Тениска Федерација на Македонија | АРХИВА
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди место во полуфиналето на ИТФ турнирот во Марибор, откако во четвртфиналето ја совлада Грузијката Маријам Болквадзе со 2:0 во сетови.

Ѓорческа првиот сет го доби по голема борба, освојувајќи го тај-брејкот со 7:5. Во вториот сет таа заигра уште посигурно, искористи неколку брејк шанси и со 6:3 стигна до конечен триумф. Мечот траеше нешто повеќе од два часа, а Ѓорческа прикажа квалитетна игра против фаворизираната Болквадзе, која на ВТА листата е рангирана 90 места пред неа.

Овие две тенисерки на овој турнир настапуваа заедно во конкуренцијата на двојки, но мораа да се откажат поради нивниот меѓусебен дуел во сингл конкуренцијата.

Во полуфиналето, Ѓорческа ќе се соочи со нов предизвик, а доколку ја продолжи победничката низа, ќе има можност да се бори за титулата во Марибор.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Сребро за Македонија во Рига – Елеонора Јосифоска од ЏК Дрим се искачи на победничкиот пиедестал!

Уште еден меѓународен успех за македонското џудо! Младата Елеонора Јосифоска, членка на Џудо клубот Дрим од Струга, освои сребрен медал на меѓународниот турнир...

ФудбалЧетврта лига

Локомотива до минимална победа, реми на Тополка и Горски, Плавник го доби Согле

Седмото коло на Општинската фудбалска лига во Велес донесе погодоци на сите мечеви, само на еден меч беше доволно еден гол за да...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Сребро за Македонија во Рига – Елеонора Јосифоска од ЏК Дрим се искачи на победничкиот пиедестал!

Уште еден меѓународен успех за македонското џудо! Младата Елеонора Јосифоска, членка на...

Останато

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во Гевгелија

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски присуствуваше на инклузивната трка...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!