Останато

Барди: Во модерниот фудбал нема фаворити, имаме квалитет кој може да ни донесе три бода

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација утре во Вадуц ги започнува квалификациите за Светското првенство против Лихтенштајн, во меч Македонија е фаворит за трите бодови.

Капитенот на македонската фудбалска репрезетанција, пред мечот на официјалната прес-конференција истакна дека нашата репрезентација има квалитет за трите бодови, притоа додава дека во модерниот фудбал нема фаворити.

„Деновиве добро се спремивме и сакаме да го продолжиме победничкиот менталитет. Свесни сме што ни значат овие квалификации. Во модерниот фудбал нема фаворити и мора тоа да си го врежеме во глава. Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода и до целта која си ја поставивме. Енергијата и желбата за победа сами ќе си дојдат, имаме квалитет кој може да ни донесе три бода. Нема да го потцениме противникот“, рече Барди.

Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија ќе започне во 15 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот официјално објави дека АЛТА банка е нов спонзор на македонскиот кошаркарски...

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На денешната ждрепка во Виена, македонскиот претставник за ривал го доби...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа испушти водство и загуби од Зајцева во три сета на турнирот во Анкара

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

Останато

ЦЕВ ги потврди термините: Штип УГД на 21 октомври го има дебито во Лигата на шампионите!

Македонскиот претставник Штип УГД на 21 октомври ќе го има своето деби...

Останато

„Чајка“ слави 50 години – Меморијалот прераснува во Суперкуп на Македонија!

Еден од најстарите и најконтинуираните спортски настани во Македонија, но и еден...

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!