Останато

Воислав Мерџаноски е нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

Сподели
ФОТО: Шаховска Федерација на Македонија / Chess Federation of Macedonia
Сподели

Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) одржа вонредно изборно собрание во хотелот „ Континентал “во Скопје, на кое присуствуваа 30 делегати со право на глас.

Собранието започна со едноминутен молк во чест на настраданите во трагедијата во Кочани. По усвојувањето на извештаите за работата на Управниот одбор и финансискиот извештај за 2024 година, се пристапи кон избор на нов претседател.

Кандидати за оваа позиција беа Воислав Мерџаноски и Оливер Деркоски. Со мнозинство од 18 гласови, за нов претседател беше избран Мерџаноски.

Мерџаноски, кој доаѓа од Гостивар, е долгогодишен шаховски работник. Тој е претседател на Шаховскиот клуб „Гостивар “, меѓународен шаховски судија и член на Управниот одбор на ШФМ. Со шах се занимава повеќе од пет децении, а бил и активен натпреварувач во повеќе циклуси. Во последниве години активно работи на популаризација на шахот меѓу најмладите.

На собранието беше избран и нов Управен одбор на ШФМ, во кој членува и гостиварецот Мирослав Кузманоски, познат шаховски активист.

Мерџаноски ја презема функцијата од Саша Богдановиќ, кој поднесе оставка една година пред истекот на неговиот мандат.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Вечерва, македонскиот претставник го очекува дуел...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе...

Поврзани написи
Останато

Ален Рустемовски со нокаут до полуфинале и борба за медал во Таранто!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во...

Останато

Хонтама ја елиминираше Ѓорческа во првото коло на УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во...

Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!