Втора лигаФудбал

Борец статистички најлош, „лавовите“ од Ѓорче, Арсими, Брегалница и Кожуф најдобри!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По три одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига екипите добија екстра пауза, која потоа „скапо ќе ја платат“ со 5 натпревари во 15 дена.

Следуваше репрезентативна пауза, а потоа пауза поради настап на аматерската репрезентација, а тоа се користи за да се одиграат пријателски натпревари за одржување на формата.

Статистички гледано по три натпревари, иако реално е рано за анализи, сепак Борец е најлош. Велешани се вратија во Втората лига но не тргнаа како што посакуваат. Три натпревари, без ниту еден постигнат гол, а примени дури седум, од кој едниот е автогол. Пораз од Башкими (0:1), превисок пораз од Победа (5:0) и пораз од Новаци (0:1).

Со ваква статистика Борец е на дното без бодови, и по секој поглед е на дното од табелата.

Кожуф го има најефикасниот напад со постигнати девет погодоци на три натпревари или во просек второлигашот од Гевгелија постигнал по три гола по натпревар. Одличен напад има Арсими со осум постигнати погодоци, а од аспект на одбраната, најдобрата ја има Македонија ЃП со примен само еден гол.

Најлоши одбрани имаат Борец, Охрид, Осогово и Беласица кои примиле по седум погодоци на три натпревари.

На 22. септември ќе се одиграат натпреварите од 5. коло, а пак в среда на 25. септември натпреварите од 4. коло.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!