Прва лигаФудбал

„Комити“ сепак на трибините во Кратово: Ова е одлука на управата на Силекс, ја поздравуваме без разлика на досегашно ривалство!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Навивачка група „Комити“ сепак ќе биде на трибините на стадионот во Кратово, каде утре Вардар ќе гостува кај домаќинот Силекс.

Управата на Вардар не го имаше пријавено присуството на „Комити“, за што навивачите информираа преку соопштение, па беше откажа организираниот превоз.

Сепак, како што информираат од НГ „Комити“, влез на стадионот, како и посебен дел на трибините официјално се обезбедени, ова е одлука на управата на Силекс, за што „Комити“ ја поздравија без разлика на сето досегашното ривалство.

„Обидот на Управата да оневозможи наше присуство во Кратово пропадна! Влез на стадионот, како и посебен дел на трибините, официјално се обезбедени. Ова е одлука на Управата на Силекс, која без разлика на сето досегашно ривалство, апсолутно ја поздравуваме! Е ова мора да биде сигнал за секој наш член, за секој Вардарец. Сега е моментот, сега се кова железото. Запали ја колата и во недела со екипата, дојди во Кратово! Пред стадионот е обезбеден посебен паркинг за нас. Не доцнете, во 13:30ч. најдоцна пред влез“, се вели во соопштението на НГ „Комити“.

Натпреварот се игра утре со почеток од 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски ги откри картите за Шкотска: Македонија со офанзивно трио на „Хампден парк“

Познати се стартните состави за вечерашната пресметка меѓу Шкотска и Македонија во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи триумф од 37:26 со што битолчани стигнаа до својата осма сезонска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!