Трета лигаФудбал

Викендот започнува пролетниот дел во Трета лига – Запад: Тетекс и Влазерими во трка за баражот за Втора лига!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Овој викенд ќе започне пролетниот дел од Трета лига – Запад со натпреварите од 13. коло, кое ќе треба да се докомплетира.

13-тата рунда или последното есенско коло не е комплетирано, тогаш Тетекс со 1:0 ја совлада Речица во меч кој се одигра во саботата, а потоа снегот и обилните врнежи од дожд ги отежнаа условите за игра и се одлични да се комплетира колото токму овој викенд.

Зајази на домашен терен ќе игра против Влазерими, Џепчиште на домашен терен ќе го пречека Камјани, соочување на Дрита и Ренова во Боговиње, Доброшти против Љуботен, а пак Вардар во Брвеница против кичевски Напредок.

Тетекс е на врвот од табелата со 32 бодови, четири повеќе од Влазерими кој е втор и кој има 28 бодови, но Влазерими има меч помалку. Доколку тимот од Кичево викендот ја оправда фаворитската улога тогаш ќе дојде на само еден бод негатива од Тетекс. Овие две екипи веќе во следното коло ќе се соочат во директен дерби дуел во Тетово.


Тетекс и Влазерими ќе бидат екипи кои ќе водат борба да бидат шампиони во Трета лига – Запад и да играат во баражот за можен влез во Втора лига.

Минатата сезона Тетекс испадна од Втора лига и сега сака експресно враќање, а пак Влазерими две сезони по ред е шампион во Трета лига – Запад и две сезони по ред не може да ги помине баражите, првиот пат загуби од Башкими, а минатата година од Борец.


Спортска Мрежа повеќе од две години преку емисии, прилози и анализи посочува дека баражите треба да бидат минато, а да се овозможи директен влез на шампионите од Трета во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бафто ќе го суди супер-дербито меѓу Љуботен и Тиверија Брера, Пројковска ќе го суди градското дерби во Битола!

Во недела на програмата ќе бидат натпреварите од 17. коло на Првата женска фудбалска лига, а кое коло ни го носи и големото...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица е вистински фудбалски расадник: Повикани 18 играчи во репрезентациите на Македонија!

Брера Струмица е вистински фудбалски расадник, а потврда за тоа е повикот на 18 играчи во репрезентациите на Македонија. Струмичани доминираат со сите...

Поврзани написи
ТурнириФудбал

Фудбалските таленти на ФК Џокер ќе учествуваат на „Златибор Куп“

Фудбалскиот клуб Џокер ќе учествува на познатниот „Златибор Куп“ во Србија, турнир...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Истатов врши упис на девојчиња родени од 2008 до 2014 година

Женскиот фудбалски клуб Истатов врши упис на девојчиња родени од 2008 до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!