Останато

Мирасчиев: Против Борец се надевам на максимален резултат!

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели

Утре во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, одбојкарите на Штип УГД во рамки на 4. коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига ќе се соочат со екипата на Борец.

Штипјани на домашен терен и пред својата публика во улогата на фаворити ќе настапат против Борец.

Одбојкарот на Штип УГД, Михајло Мирасчиев, за Спортска Мрежа истакна дека

„Во сабота не’ очекува меч против екипата на Борец и се надевам на максимален резултат. Се надевам дека ќе го продолжиме континуитетот на успеси во оваа полусезона и дека ќе го покажеме нашиот максимум. Ги повикувам сите љубители на одбојката да проследат уште еден интересен меч и да пружат поддршка на нашиот клуб во сабота“, вели Мирасчиев.

Натпреварот кој се игра во штипската сала „Јордан Мијалков“ ќе започне во 19 часот.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Каменица Саса, а главната цел на двете страни во новата сезона...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со Мароко,...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!