Втора лигаФудбал

ЕКСКЛУЗИВНО: Беласица се засилува со Живко Крстев и Бојан Најденов!

Сподели
Сподели

Второлигашот Беласица за вториот дел од сезоната добива две екстра квалитетни засилувања, Спортска Мрежа прва ексклузивно објавува, младиот и талентиран Живко Крстев и искусниот Бојан Најденов, се новите засилување на струмичката фудбалска гордост.

Тимот предводен од искусниот стратег Александар Стојанов во финишот од преодниот рок добива две големи засилувања, Беласица одново прави одличен тим спој на младост и искуство.

19-годишниот Живко Крстев е одличен фудбалски талент, тој потекнува од младинските погони на Брера Струмица, каде во младинската Суперлига беше еден од клучните алки во играта на струмичани, а есенскиот дел од актуелната сезона го помина во редовите на второлигашот Вардар Неготино, постигнувајќи три погодоци за тимот од Неготино и беше еден од клучните играчи.

Најденов пристигна од редовите на Кожуф, 33-годишниот играч носи големо искуство во Беласица, низ својата кариера во македонскиот шампион настапуваше за Хоризонт Турново, Работнички, Брера Струмица, Вардар, а пак во странство играчот од среден ред има настапувано и за екипите на Смуга, Естегал, Лачи, Навбахор, Искра и Локомотив Ташкент.

Беласица пролетниот дел од сезоната во Втората лига го отвара на домашен терен, во сабота на „Благој Истатов“ ќе го пречека Арсими.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!