Ракомет

ВИДЕО: Две големи засилувања за РК Радовиш: Илиев и Паунов се врати во клубот во борбата за опстанок!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометниот клуб Радовиш склопува тим со кој најавува голема борба за опстанок во ракометната елита на Македонија, а за таа цел беа ангажирани повратниците Ивица Илиев и голманот Славјан Паунов, со што тимот предводен од тренерското дуо Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров има искусни играчи за најважните битки кои ќе следуваат во плеј-аутот.

Радовиш нема триумф, само едно реми против велешки Бисинов, а токму голгетерот Илиев и Паунов доаѓаат од Бисинов, нивното искуство е големо и тек како ќе помагаат во борбата за опстанок.

Во Радовиш конечно започнаа да се случуваат позитивни работи, според информациите на Спортска Мрежа се очекува уште некое засилување со што Радовиш ќе има силен тим пред се за тие натпревари од плеј-аутот.

Тимот досега се засили со пивотот Томче Трајчевски, како и со средниот бек Петар Цветковски, а со другите неколку засилувања од странство тимот ќе биде конкурентен за опстанок.

Викендот Радовиш на домашен терен во реновираниот спортски храм СРЦ „25 Мај“ ќе ја пречека Струга, меч кој за радовишани е идеален по мерка за да дојдат до првото сезонско славје, а до крајот на петте натпревари од регуларниот дел ќе се обидат да го напуштат дното и ако можат да пренесат некој бод за плеј-аутот.

Спортска Мрежа вечерва е во СРЦ „25 Мај“ каде го следиме тренингот на РК Радовиш, тука се Илиев и Паунов, атмосферата во екипата е на одлично ниво, расположение на високо ниво, се работи максимално посветено и тимот се подготвува за мечот со Струга, а со една цел да се израдува и домашната публика на прва сезонска радост.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА ОД ТРЕНИНГОТ НА РК РАДОВИШ:

Радовишката јавност овој викенд сигурно е дека биде во голем број во СРЦ “25 Мај” да даде силна поддршка на РК Радовиш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!