Трета лигаФудбал

Третолигашот Академија Илинден го промовираше Ментор Реџепи и уште неколку играчи!

Сподели
Сподели

Третолигашот Академија Илинден за новата сезона во Третата фудбалска лига – Север, која започнува на 15. септември промовираше неколку нови засилувања.

Како што претходно информиравме за Енсар Сулемани и Горан Симоновски, во Академија Илинден нови засилувања се Ментор Реџепи, искусен фудбалер кој во својата кариера има настапувано за екипи од Првата и Втората македонска фудбалска лига, односно за екипите на Тетекс, Осогово, Братство од Житоше, Велазерими и Ренова.

Ново име е и Хасан Арифи кој доаѓа од Шафхаусен од Швајцарија, Матеј Веселинов кој настапуваше за Рад од Белград, Кристијан Трајановски од екипата на Спорт Ефе Вардар, Никола Уневски од Вардар. Нови имиња во третолигашот Академија Илинден се и Шефки Бериша и Хамза Мурати од Башкими Љуботен, Дамјан Младеновски кој доаѓа од Скопје, Игор Скепаровски кој доаѓа од третолигашот Преспа од Ресен, Леонид Дамевски од Бутел, Шехи Бесим од Косово и Кристијан Антевски од Македонија ЃП.

Од екипата на Академија Илинден си замина Давид Голубов кој ја продолжи кариерата во второлигашот Охрид, како и Дамјан Ангеловски кој е нов играч на второлигашот Победа од Прилеп.

Во минатото овој клуб настапуваше и во Втората македонска фудбалска лига, под името Пехчево Скопје, но испадна во Трета лига – Север.

Тренер на Академија Илинден ќе биде Сашо Рајатовски, а новата сезона екипата ја отвара со локалното дерби против Кадино, натпревар кој ќе се игра на стадионот на Фортуна во скопската населба Ченто.

Инаку, домашните натпревари екипата на Академија Илинден ќе ги игра на стадионот во Кадино.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!