Втора лигаПрва лигаФудбал

ФОТО: ФИФА им забрани трансфери на Шкупи и Брегалница, Воска Спорт го плати долгот и повеќе не е блокирана!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) им стави забрана за трансфери на второлигашот Брегалница и прволигашот Шкупи, така е на последната објавена листа на клубови кои имаат забрана за трансфери.

Пред неколку денови на ова листа беше и прволигашот Воска Спорт од Охрид, кој го плати долгот и клубот е ослободен за вршење на регистрација на нови играчи односно е симнат од оваа листа.

Ваквите забрани за трансфери од страна на ФИФА доаѓаат најчесто поради некаков долг кон играч или тренер, а забраната се става по нивна пријава.

Забраната за трансфери Брегалница ја има добиено на 24. јануари годинава, така е наведено во листата објавена од страна на ФИФА, а пак Шкупи, кој најавуваше дека ќе ги реши овие работи, останува и натаму на листата за забрана на трансфери, првата забрана е на 26. декември 2024 година, а втората е на 9. јануари 2025 година.

  • ОФИЦИЈАЛНАТА ЛИСТА НА ФИФА ЗА ЗАБРАНА ЗА ТРАНСФЕРИ НА ШКУПИ И БРЕГАЛНИЦА:

Шкупи и Брегалница имаат забрана за трансфери во следните три преодни рока, а секако дека доколку се работи за долг и истиот биде платен, тогаш забраната веднаш ќе биде тргната, како што беше случајот со Воска Спорт.

Останува да видиме како тоа ќе се рефлектира врз Шкупи, но и врз Брегалница, која пак води борба за враќање во Првата лига.

Шкупи преку клупско соопштение излезе и најави дека ќе се решат овие проблеми со цел клубот да може да прави трансфери, додека пак од Брегалница засега молк и нема никаква реакција од нивна страна.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Ананиев главен во Берово, Ѓоргиев ќе им суди на Овче Поле и Ударник

Во недела ќе бидат одиграни натпреварите од 11. коло на Третата фудбалска лига – Исток, како што веќе информираше Спортска Мрежа, сите натпревари...

Трета лигаФудбал

Време е за големо дерби: Тетекс против Влазерими во битката за првото место и баражот за Втора лига!

Овој викенд ќе се играат натпреварите од 14. коло на Трета лига – Запад, оваа рунда го носи големото дерби меѓу Тетекс и...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Ананиев главен во Берово, Ѓоргиев ќе им суди на Овче Поле и Ударник

Во недела ќе бидат одиграни натпреварите од 11. коло на Третата фудбалска...

Трета лигаФудбал

Натпреварите во Трета лига – Исток ќе започнат со минута молчење поради смртта на Мартин Ташов

Сите натпревари од 11-тата рунда на Третата фудбалска лига – Исток, кои...

ФудбалФудбалска репрезентација

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби од Андора

Футсал репрезентацијата на Македонија претрпе уште еден пораз во квалификациие за Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!