ФудбалЧетврта лига

Четвртолигашот Корзо се засили со неколку играчи за пролетниот дел

Сподели
Сподели

Екипата на Корзо која се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Прилеп или Четврта лига по ранг на натпреварување за пролетниот дел од сезоната се засили со неколку искусни, но и млади играчи.

Се работи за Дарко Маркоски, Благојче Томески, Емил Јанкулоски, Леонид Шајкароски, Дејан Дамески, како и младите играчи кои доаѓаат од Победа, а се работи за Наумче Стојаноски, Исидор Иваноски, Алекс Стојаноски, Мартин Темелкоски и Александар Трајкоски.

Од клубот имаат си заминаа пет играчи, кои нема да го носат дресот на Корзо во пролетниот дел.

Тренерот на клубот, Драган Ташкоски за Спортска Мрежа вели дека подготовки за вториот дел од сезоната се во тек, а клубот ќе одигра и неколку пријателски натпревари, додева дека атмосферата во екипата е на високо ниво.

„Целите на екипата се воигрување со помлади играчи и во иднина да се атакува кон Трета лига. Атмосферата во екипата е на високо ниво има големо другарство и почит“, ни изјави Ташкоски.

Во минатото Корзо имаше настапувано и во Втората македонска фудбалска лига.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!