Прва женска фудбалска лигаФудбал

Кристина Петрушевска се врати на фудбалските терени после 11 месеци, откако го оперираше коленото!

Сподели
Сподели

Прволигашот Истатов го одигра првиот пријателски натпревар во рамки на зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига против актуелниот шампион Љуботен.

Натпреварот заврши со висок триумф за екипата на Љуботен од 6:0, откако на полувреме резултатот беше 2:0.

Сепак, резултатот на овој пријателски меч беше во втор план, каде шанса за игра добиваа сите фудбалерки и од двата тима со цел да може тренерите да ја проверуваат формата.

Натпреварот беше одбележан со враќањето на Кристина Петрушевска на фудбалските терени, откако најдобриот напаѓач на Истатов беше надвор од фудбалски терени 11 месеци, бидејќи го оперираше коленото.

24-годишната Петрушевска ги одигра првите 60 минути на натпреварот после тешката повреда која ја здоби на коленото, а со враќањето на Петрушевска на теренот екипата на Истатов која е предводена од искусниот стратег Кирил Изов добива големо засилување за вториот дел од сезоната каде Истатов сака прогрес на табелата, а ќе води борба и за освојување на Куп титулата бидејќи е во четвртфиналето.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!