Ракомет

Радовиш гостува кај Тиквеш, лидерот Алкалоид против Струга, Охрид како фаворит патува во Велес

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Овој викенд започнува пролетната полусезона во ракометната Суперлига на Македонија со натпреварите од 17. коло. Остануваат уште шест кола да бидат одиграни за комплетирање на регуларниот дел, по што ќе се формира плеј-оф и плеј-аут сегментот.

Во рамки на првото пролетно коло „фенерџијата“ Радовиш кој е единствен тим без триумф ќе има тешко гостување во Кавадарци кај големиот фаворит Тиквеш, лидерот Алкалоид предводен од Кирил Лазаров како голем фаворит ќе игра против екипата на Струга.

Охрид како голем фаворит ќе патува во Велес каде ќе се соочи со дебитантот Бисинов, екипата на Пролет вториот дел од сезоната го отвара против поранешниот двократен европски шампион Вардар. Неизвесен меч ќе има меѓу Прилеп и Бутел, а пак шампионот Еурофарм Пелистер како фаворит ќе го пречека тимот на Куманово.

Сигурни патници во плеј-офот се екипите на Алкалоид, Еурофарм Пелистер, Вардар и Охрид, додека пак четири екипи ќе водат борба за последните две места во плеј-офот, тоа се Бутел, Тиквеш, Прилеп и Пролет, две од овие екипи кои ќе извисат ќе бидат дел од плеј-аутот каде што ќе бидат и Куманово, Бисинов, Струга и Радовиш, а каде ќе разигруваат за опстанок.

Оваа сезона ќе биде доста неизвесна кога е во прашање титулата, три екипи рамноправно водат борба за титулата, тоа се актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Вардар, а пак Охрид ќе биде тимот кој може да се покажа како клучен и практично да реши кој да биде шампион.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат 21. коло на Втората лига. Поради жолти картони овој викенд односно...

Втора лигаФудбал

Борец и Осогово во директен дерби дуел за опстанок – трите бодови повеќе од важни!

Се разгорува битката за опстанок во Втората лига, Осогово е во ситуација каде може да се надева и на директен опстанок, па да...

Поврзани написи
Ракомет

РК Радовиш промени тренер, но се врати на поразите! Пред радовишани е сериозен предизвик за опстанок!

Ракометниот клуб Радовиш ќе биде ставен пред сериозен предизвик да го сочува...

Ракомет

Амбициозниот Охрид ги продолжи договорите со 5 свои ракометари за наредната сезона

Полека, но сигурно,  ГРК Охрид  го склопува тимот за наредната сезона, откако...

Ракомет

Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ ќе се одржи од 19 до 23 август во Охрид

Традиционално, ГРК Охрид и општина Охрид, го најавија Меѓународниот ракометен турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!