Прва женска фудбалска лигаФудбал

Прволигашот Атлетико се засили со искусната Анита Гоцевска

Сподели
Сподели

Прволигашот Атлетико од Битола за пролетната полусезона во Првата женска фудбалска лига се засили со искусната Анита Гоцевска.

Гоцевска е искусна фудбалерка со богата кариера, која има искуство и како репрезентативец настапувајќи во репрезентациите на Македониај до 17 и до 19 години. Таа е дефанзивен играч во средината на теренот, а може да покрие повеќе позиции во добраната и со своето искуство ќе биде големо освежување и засилување за тимот на Никола Гелевски.

„Ние ќе се потрудиме да обезбедиме најдобри услови за тренинг и развој, со цел да ја поттикнеме желбата за фудбал кај нашите девојки и да им помогнеме во напредокот на нивните кариери. Анита е и поранешен шампион, што дополнително додава искуство во нашиот актуелен шампионски состав.“, рече Гелевски.

25-годишната Гоцевска кариерат ја започна во Тиверија Брера каде настапуваше во период од 2014 до 2017 година, кога премина во редовите на Топ Гол од Битола, градскиот ривал на Атлетико, новиот клуб на Гоцевска, каде настапуваше од 2017 до септември 2024 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!