Трета лигаФудбал

Пролетната полусезона во Трета лига – Југозапад започува на 9. март

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

За околу месец дена или поточно на 9. март ќе започне пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, со натпреварите од 12. коло.

Три екипи ќе водат рамноправда борба за кој да биде шампион во Трета лига – Југозапад, а со тоа да го обезбедат и баражот за можен влез во Втората македонска фудбалска лига. Екипата на Преспа од Ресен е есенски шампион, тимот има 28 бодови на своето конто, втор е ланскиот шампион Кораби од Дебар со само бод помалку, а на третото место е Сатеска од Волино со 26 бодови.

Овие три екипи ќе водат пролетна трка за шампионската титула, а тоа ќе направи неизвесна пролетна полусезона во овој третолигашки регион.

Во рамки на 12. коло или прво пролетно коло екипата на Демир Хисар на домашен терен ќе игра токму со Кораби, екипа која лани како шампион не го помина баражот за влез во Втората лига, откако загуби од Вардарски, шампионот на Трета лига – Исток. Светлост од Кукуречани ќе игра со лидерот Преспа, новајлијата Света Троица од Охрид ќе се соочи со екипата на Сатеска од Волино.

Во Струга ќе се одигра Градско дерби меѓу Влазними и ланскиот второлигаш Караорман, Кравари ќе го пречека Евротип, додека пак Славеј од Мешеишта ќе се соочи со Велешта.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!